| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас на дерби во Аргентина: Го тепаа и бутнаа од трибина, а меѓу напаѓачите бил убиецот на неговиот брат

Градското дерби во Aргентина помеѓу Белграно и Таљерес кое се одигра во саботата го одбележала ужасна случка во која тешко бил повреден навивачот Емануел Балбо. Него група на поддржувачи на домашниот тим го нападнала на трибините, а откако тој почнал да им бега, тие на крајот го турнале од трибината по што паднал на бетон од голема височина.

uzas

Емануел се здобил со тешки повреди, а кога стигнал во болница бил на работ за смртта, но за среќа докторите успеале да го спасат.

Се претпоставува дека Балбо залутал на трибината кај тифозите на Белграно, а тие мислејќи дека е навивач на гостинската екипа физички го нападнале.

По овој крвнички напад, таткото на повредениот изјавил дека еден од групата навивачи кои го бутнале Емануел од трибината, пет години претходно го убил неговиот друг син.

– Проблемот е во тоа што тој човек го уби мојот син пред пет години. Емануел беше на трибината и налетал на него. Оскар Гомез е еден од луѓето кои го турна од трибината и мора да одговара за тоа. Се извлече од убиството кога пред 5 години го застрела мојот друг син од автомобил во движење додека тој џогираше, изјавил таткото на Емануел, Раул Балбо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top