| четврток, 6 декември 2018 |

Бранко Црвенковски не се кандидира: мојот мандат денеска завршува, на СДСМ му треба нова сила

-Мојот мандат денес завршува затоа што на СДСМ му треба нова сила, нови чувари на огнот, рече лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во својот говор на почетокот на конгресот на кој ќе се бира нов лидер, пренесува порталот „Бриф“

-Убеден сум дека моето враќање не беше грешка иако многумина тоа го коментираа. Тоа беше моја судбина. Ако се направи ДНК за татковство на политичка партија, тогаш во СДСМ е доминатнет генот на Бранко, БЦ, папата, брадата… Се вратив да ги спојам различните крила, да ги исчистам вирусите, да направам еден организам. Апелирам до новото раковотство на СДСМ првиот чекор да е другарство. Ако тоа не се направи, се е џабе, рече Црвенковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top