Книгата „Дневниците на Ричард Бартон“ не престанува да предизвикува внимание откако излезе од печат. Славниот актер ги запишувал своите впечатоци од 1939 до 1983 година, некогаш нередовно некогаш пропуштал цели месеци, но во целина тоа е фасцинантна и елоквентна хроника на тој период.
Во книгата која има повеќе од илјада страници, дури 150 се посветени на неговиот филмски ангажман во Југославија.
-Ме обзема мрзеливост, а помалку сум и разочаран од синпсисот за Тито бидејќи не е добар. Серија гласни врсоци, како во било кој стар воен филм. Ќе се обидам да ги натерам тоа да биде нешто повеќе за Тито, а помалку за препукувањата и локалните партизански подвизи. Ако тоа го сакаат ќе се повлечам. Се мачам со учење на српско-хрватскиот јазик, но тој ме фасцинира, напишал Бартон пред неговото доаѓање во Југославија за снимање.
На Бриони добиле вила до Титовата во која неало разладни уреди, но ги дочекала соругата на домаќинот која ги замолила да ја викаат госпоѓа Броз, а не госпоѓа Тито.
-Крупна жена со селски изглед, шармантна и со прекрасна насмевка. Малку зборува англсики. Ни понудија „канапеи“, кои ги изедов, но го отстранив лебот, потоа шампањ, кој го одбив, а потоа вкусно турско кафе, кое не го одбив, запишал актерот.
Бартон го опишува Тито како изненадувачки мал и деликатен, со мали раце, нозе и глава, а поради затемнетите очола не можел да ја одреди бојата на неговите очи. Има големо меше, а во остатокот на телото е виток. Кога ќе седне во столот има импозантно држење. Актерот се присетил дека принцезата Маргарета, негова пријателка, го предупредила дека Тито и Јованка живеат во невиден раскош, и дека кралскиот дом во Бакингем во однос на нивната резиденција е здание од средна класа.
Во еден момент актерот го прашал Тито што мисли за Сталин и го добил следниот водговор: „Го ценев како политичар, но не ми се допаѓашпе како човек“. Кога останале насамо Тито полека но коректно говорел англиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




