
Не е лесно да се биде тренер, особено на тим како Баерн преполн со ѕвезди кои сакаат цело време да се на теренот. Сепак, Карло Анчелоти уште еднаш покажа зошто е вистинскиот човек за оваа работа – на фантастичен начин смирувајќи ги страстите откако Франк Рибери гласно се бунеше што беше заменет при водството на Баерн против Борусија Дортмунд.
Французинот беше бесен, дури и му се внесе в лице на Анчелоти, кој му одговори на Рибери – со бакнеж. Крилниот фудбалер беше изненаден, но лутината експресно ја замени со насмевка.
– Анчелоти прекрасно бакнува. Што да кажам, бакнежот беше природен, позитивен, полн со емоции – се шегуваше Рибери по натпреварот.
Бакнежот на тренерот на Баерн придонесе уште повеќе да се подобри атмосферата во редовите на баварскиот гигант пред двомечот со Реал во Лигата на шампионите.
– Сега јас сум љубоморен. Ќе треба да се налутам, за и јас да добијам бакнеж како Рибери – истакна Арјен Робен со насмевка по вчерашниот тренинг на Баерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


