| четврток, 6 декември 2018 |

Исламски екстремисти убија 18 луѓе на пазар во Нигерија

Најмалку 18 луѓе се убиени во напад на исламски екстремисти на пазар во североисточниот дел на Нигерија.

Во нападот биле убиени локални ловци кои продавале месо од мајмуни и диви свињи. Таквото месо е забрането за јадење кај муслиманите, изјавил претставник на локалните власти во местото Дамбо.

Се претпоставува дека напаѓачите се членови на организацијата Боко Харам. Групата е формирана во 2002 година и се залага за воведување на шеријатски закон во цела Нигерија вклучувајќи го и јужниот дел каде што најголем дел се христијани и анимисти. Минатата година во нападите на Боко Харам биле убиени повеќе од 780 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top