Како што информираше денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен, завчера околу 00:30 часот во Штип, крадец го скршил стаклото од влезната врата од куќа сопственост на С.М.(77) и П.М.(74), влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето.
– Влегол во собата каде спиеле бабата и дедото, кои станале откако слушнале тропање и кршење стакло, и им побарал пари. П.М. се упатила кон него и успеала да му ја тргне чергата од главата при што препознала дека крадецот е нејзиниот внук К.С.(31) од Штип. Во тој момент К.С. со рака ја удрил П.М. во пределот на главата од што паднала на подот, а К.С. продолжил да бара пари. Отакако успеала да стане и се упатила кон кујната, за да земе некој предмет со кој би се одбранила, К.С. ја престигнал и уште еднаш ја удрил со рака во пределот на главата, по што побегнал без да успее да им земе пари или друг вреден предмет, информира МВР.
Увид е извршен од екипа на СВР-Штип и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор
-
Делеле соба во Охрид: Србин ограбил Јапонец
-
Маж ограбен на сред улица: Еден го удрил, а неговата пријателка му ги зела парите