| четврток, 6 декември 2018 |

Што може да го поремети доењето?

Бебето може да се вознемири при некои постапки во негата или комуникацијата и тогаш вознемиреноста го отежнува доењето поради што мајките заклучуваат дека нивното млеко не е квалитетно, дека го немаат во доволни количини или дека бебето е гладно. На што да се припази при негата на бебето?

Новороденчето првите недели може да се расплакува поради секакви ситници. Затоа мајката мора да го слуша своето дете и да се прилагоди на неговите потреби. Можеби токму некои постапки во текот на негата, доењето или во самата комуникација се одговорни за вознемиреноста на детето. Настојувајте да ги откриете како би можеле во иднина да ги избегнувате.

Дете може да се вознемири:

-Капење или пресоблекување (децата немаат способност за регулација на температурата па лесно ја губат и примаат, па така ако се голи, чувството на студ може да ги вознемири)

-Да ги држи некој непознат (мирисот и гласот на непозната личност може да ги исплаши бебињата)

-Чистење на носот или очите (најдобро тоа да го прават бабата или таткото, а потоа мајката нека биде таа која ќе го теши бебето на града за доење)

-Мајката не го носи детето доволно во раце и го остава со други луѓе

-Мајката е отсутна со духот додека го негува или храни детето односно не комуницира со детето.

Детето негодува на градите?

Мајките често погрешно го толкуваат детското негодување на градите и заклучуваат дека детето одбива да земе цице и да цица. Што може да ве збуни и да ве наведе на грешен заклучок?

-Детето мора да научи да ја фаќа брадавицата и да цица. Првите обиди за цицање, кога доаѓа до испуштање на брадавицата од уста, барање на брадавица и движење на главата од една на друга страна, односно возбуденоста и обесхрабреноста – не треба да се сфати како одбивање од доење. Штом детето научи добро да ја прифаќа дојката и го совлада процесот на цицање, овие потешкотии ќе исчезнат.

-Кога детето ја испушта брадавицата во текот на доењето, малку ќе поцица па потоа ќе ја сврти главата, тоа не значи дека тоа одбива да цица. Таквото однесување е карактеристично за малечки дечиња помеѓу 4. и 8. месец, но може да се појави и порано. Било каков шум, движење, појава на друга личност како и секоја друга необична ситуација во текот на доењето, може да го одвлече вниманието на детето, да го вознемири па затоа да се тргне од града а потоа повторно да се намести за цицање. Не треба поради ова премногу да се возбудувате.

Детето ќе ги надокнадни потребните количини од млеко со доење во оброците кои следат во текот на денот или ноќта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top