| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџментот на Металец ја обжали одлуката за стечај!

metalecprilep

Директорот на прилепската фабрика за челични конструкции „Металец“ ја обжали одуката на прилепскиот суд за отварање стечајна постапка врз компанијата. Тој за Фактор објаснува дека се уште чекат официјално известување од судот и дека се надева оти жалбата ќе им биде уважена.

„Знаеме за поведената постапка, но се уште немаме официјална потврда од судот затоа што имаме поднесено жалба. Главни доверители на „Металец“ се Стопанска банка Битола и Управата за јавни приходи, така што кој и да побарал стечај има такво право, меѓутоа, ние се уште имаме време да го спроведеме планот за реорганизација на фирмата. Приоритет ни е обештетување на поранешните вработени во „Металец“ кои сега се на работа во ИГМ. Рокот ни е до октомври годинава, така што подобро за сите ќе биде фирмата да не отиде во стечај, за да имаме време да го спроведеме планот за реорганизација до крај“, вели Трајко Милков, директор на „Металец“.

Тој тврди дека за лошите резултати не може вината да се бара само во раководството затоа што и фабриката имала побарувања од близу 250 илјади евра кои подолго време не можела да си ги наплати.

Според објавата во Службен весник, основниот суд во Прилеп ја отворил стечајната постапка врз „Металец“на 17-ти овој месец по барање на доверителите кои сакаат да си ги наплатат побарувањата преку итна реализација на имотот кој се уште не е оптоварен со хипотеки. Според закон, доверителите имаат рок од 30 дена од отварањето на стечајната постапка да достават докази до стечајниот управник, дали и колку се намирени со планот за реорганизација од 2010 година, но и да ги пријават своите побарувања. Рочиштето на кое ќе се расправа по основ на овие побарувања е закажано за август годинава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top