| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин: Барселона не може повторно да одигра слабо како во Париз

iguain

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин говореше за престојната средба со Барселона во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тој демантираше дека каталонската екипа игра под своето ниво во Европа и дека поразот во Париз беше лош ден, кој нема да се повтори.

– Мислам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Поради тоа дојдов тука, но и за титулите во Серија А и Копа Италија. Трофејот во Лигата на шампионите е сон за мене, но не ги потценувам и другите натпреварувања. Во фудбалот работите можат многу брзо да се променат. Погледнете што и се случи на Барселона во Париз, а потоа направи епски пресврт на домашен терен. Тоа беше лош ден за нив, кој мислам дека нема да се повтори оваа сезона. Мораме да постигнеме задоволителен резултат на натпреварот пред домашната публика и не смееме во ниту еден момент да ја испуштиме концентрацијата – вели аргентинскиот напаѓач на Јувентус.

На 11 април Јувентус ќе биде домаќин на Барселона, за една недела подоцна да игра реванш на „Камп Ноу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top