| четврток, 6 декември 2018 |

Две силни детонации ги вознемириле тетовци

Вчера вечер во 22.20 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово биле слушнати две детонации.

Полициски службеници од полициската станица во Тетово на посоченото место пронашле остатоци од пиротехнички средства (огномет), дрвен стап, тврди делови од пластика и неколку парчиња од хартија, при што е констатирано дека од страна на непознато лице предходно се активирани пиротехнички средства.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top