| четврток, 6 декември 2018 |

Варди: Повеќе ќе уживав ако бев шанкер

dzejmi vardi

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, сега е еден од најдобрите напаѓачи во Премиер – лигата и англиски репрезентативец, но пред четири години сакал да се откаже комплетно од фудбалот и да работи како шанкер на Ибица.

– Сега сум во фудбалска бајка, но имаше и многу тешки мигови за мене во кариерата. Пред четири години бев на работ да се откажам, да го оставам комплетно фудбалот и да заминам да работам на Ибица како шанкер. Не сум јас човек што се срами да работи, можеби и повеќе ќе уживав во една таква професија, отколку во фудбалот – изјави Џејми Варди.

Тој со Лестер минатата сезона ја освои шампионската титула во Премиер – лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top