Армандо де Роза, член на мафијашкиот клан Камора, на распитот во Неапол изјави дека Марио Балотели бил во посета на овој град и се дружел со припадници на кланот Џирати. Наводно, Балотели сакал да види во живо како изгледа препродажбата на дрога, а потоа изразил желба и самиот да му учествува во продажба на недозволени опијати. Тоа се случувало во 2010 година.
Балотели реагираше преку профилот на Твитер, остро демантирајќи дека сторил такво нешто и ги нарече обвинувањата, безмислици.
„Сега значи сум дилал и дрога. Како не ви е срам. Го користите моето име за да привлечете внимание“, напиша Балотели, но набргу потоа и го избриша постот на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


