Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE ги повторија барањата да се каже што е договорено со ДУИ, како и за откажување од тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните.
Пратениците од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и посочија дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.
Пријавени за првата точка избор на претседател и членови на Комисијата се 51 пратеник за дискусија. Во Комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
Од ВМРО-ДПМНЕ за членови се предложени Илија Димоски, Антонио Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за избор на претседател на Собранието.
Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.
На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст