Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денес, 29-ти ден по ред, маршираше на улиците во Скопје и во градовите низ Македонија, повторувајќи ги нивните барања. Илјадниците граѓани порачуваат дека додека се тие на улица, нема да има, како што велат, претседател на Собранието кој претходно нема да ја отфрли Тиранската платформа. Граѓаните остануваат на нивното барање за офрлање на Тиранската платформа од сите политички субјекти, и остануваат на ставот на одбрана на унитарноста на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.