| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорчев: СДСМ не може да добие избори, зашто во 27 години нема отворено ниту една фабрика

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата има најголем број на пратеници од повеќе причини и тоа првенствено од економски причини, истакна Владимир Ѓорчев на денешната конститутивна седница на која се избира претседател, заменик на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

-Сакам да потсетам дека бројот на отворени фабрики споредени со оние кои во моментов дофрлаат е 70:0. Зошто оваа партија која седи тука лево, 27 години не може да добие избори во Македонија- затоа што во оваа партија ниту еднаш во 27 години нема отворено ниту една фабрика, 0 отворени фабрики, наспроти 70. Спортски сали 90:0. Ако сакате да зборуваме за зголемени пензии- ниту еднаш во 27 години СДСМ нема зголемено пензии, а сега пензиите растат секоја година, рече Ѓорчев пред пратениците.

Додаде и дека Македонија има модел на соживот кој функционира и дека Македонија не сака да и се приреди дисфункционалноста на Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top