Легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона јавно го нападна голгетерот на Барселона, Луис Суарез, за своите вештини да паѓа во противничкиот шеснаесетник. Тоа многу често го прави успешно и добива удари од белата точка. Кантона смета дека пеналот што и беше досуден на Барселона во 90.минута против ПСЖ е апсолутно подарен.
– Суарез можеби веќе не ги гризе луѓето, но дефинитивно е најголем ’глумец’. Притоа, многу е драматичен и знае добро да ги излаже судиите. Така добро одглуми против ПСЖ, што дури и се фати за вратот. Дали ја погледнавте таа агонија? Тоа е фудбалски порно-филм. Тоа децата не треба да го гледаат – изјави Ерик Кантона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.