| четврток, 6 декември 2018 |

Ибраими: Знаеме дека можеме повеќе, Македонија не припаѓа меѓу аутсајдерите

ibraimi

Македонија оствари лесна и убедлива победа на гости против Лихтенштајн во петтиот меч од квалификациите за СП 2018 во Русија. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски прикажаа доминантна игра и на крајот славеа сигурен триумф. Освоени се првите бодови во групата, што секако е мотив повеќе и за уште подобри игри во понатамошниот тек од квалификациите.

Бесарт Ибраими одигра квалитетен меч, и смета дека нашата национална селекција покажа на дело дека не припаѓа на аутсајдерите во европскиот фудбал.

– Верувавме дека со максимално залагање можеме многу повеќе. Немавме среќа на претходните натпревари, но бевме решени да стигнеме до триумф против Лихтенштајн. Освоивме значајни бодови и мислам дека прикажавме добра игра. Нема веќе лесни противници, па и Лихтенштајн не е веќе тотален аутсајдер. Но, покажавме дека Македонија воопшто не припаѓа меѓу аутсајдерите во европскиот фудбал – изјави Бесарт Ибраими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top