| четврток, 6 декември 2018 |

„Си-ен-би-си“: Македонија и Унгарија со методите на Трамп во борба против Сорос

Реномираната американска телевизија „Си-ен-би-си“ објави текст за работата и влијанието на Џорџ Сорос во Унгарија, Македонија и Источна Европа. Во текстот се посочува борбата на земјите од Источна Европа и Балканот против влијанието на Сорос и западните либерали.

Кога неговата влада го изгуби спорот во Европскиот суд за човекови права минатата недела за притворот и протерувањето на двајца мигранти од Бангладеш, десничарскиот унгарскиот премиер го обвини вообичаениот осомничен: милијардерот од Њујорк.

Тоа е заговор на трговците со луѓе, бирократите од Брисел и организациите кои работат во Унгарија, а се финансирани со странски пари, изјави Виктор Орбан во петокот, додавајќи дека ги финансира Џорџ Сорос.

Низ поранешните комунистички земји од источна и централна Европа, лидерите во последниве неколку месеци го насочија нивниот гнев против Сорос, унгарско–американски финансиер кој финансира либерални добротворни и невладините организации ширум светот преку неговите фондации „Отворено Општество“ (ФОО).

Кампањата против Сорос во земјите кои порано беа доминирани од страна на Москва најверојатно следи шаблон поставен од страна на рускиот претседател Владимир Путин, чија операција против странски финансирани добротворни организации ја протера Соросовата фондација надвор од Русија пред две години.

Со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, анти-Сорос активистите во Источна Европа велат дека се инспирирани од САД, особено од десничарските американските медиуми како порталот „Брајтбрат“, кој долго време го оцрнува Сорос како либерална омразена фигура.

Поранешниот претседател на „Брајтбрат“, Стив Бенон сега е на функцијата постар советник во Белата куќа да Трамп.

-Нашата инспирација доаѓа од САД, од американските конзервативни организации, медиуми и конгресмени со исти ставови, особено на новата администрација на претседателот Трамп, истакна Цветин Чилиманов, новинар во државната новинска агенција во Македонија, МИА, кој е ко-основач на групата наречена Стоп Операција Сорос.

Македонија, поранешна југословенска република која се наоѓа северно од Грција, е вовлечена во политичка криза, која почна пред две години, со улични демонстрации и го принудени премиерот Никола Груевски да поднесе оставка минатата година, по една деценија на власт. Груевски, кој се уште го контролира најголемиот блок во парламентот, и се очекува да се врати на власт, го обвинува Сорос за случувањата.

-Сорос ги претвори македонски невладини организации во модерна армија, изјави тој за Република во јануари.

-Тој не само што го направи тоа во Македонија, туку во голем број земји, изјави тогаш Груевски.

Во Романија, водачот на владејачката Социјал-демократската партија Ливиу Драгнеа во јануари рече дека Сорос и „фондациите и структурите кои тој ги финансирал од 1990 година“ всушност го финансираат злото во Романија.

Сорос, исто така, беше нападнат од страна на членовите на Полска владејачката Партијата за Закон и Правда и политичари од други места во регионот.

Неговата добротворна организација вели дека Сорос не се плаши и оти нема намера да ја напушти родната Источна Европа.

-Вие не можете да извезувате демократија, можете само да ја увезете и да ја градите на локално ниво, изјави за Ројтерс Крис Стоун, кој ги води добротворните организации на Сорос од Њујорк, како претседател на Фондацијата „Отворено општество“, објаснувајќи ја потребата да се задржи присуството на теренот.

-Ние гледаме дека нашата работа (во Источна Европа) продолжува со децении. Таа работа ќе одлива и ќе тече, додаде Стоун.

Сорос е роден во Унгарија во еврејско семејство кое ја преживеа нацистичката окупација со лажни документи, емигрирал во Велика Британија по Втората светска војна, а потоа во САД.

Како финансиер, тој е најпознат по “уништувањето на Банката на Англија” со голем влог во однос на британската фунта, која го принуди Лондон да се откаже од фиксниот број акции со другите европски валути во 1992 година, а Сорос заработи повеќе од 1 милијарда долари.

Интернет страницата на Фондацијата „Отворено Општество“ вели дека тој има дадено далеку повеќе од 12 милијарди долари како филантроп, со активности во повеќе од 100 земји во широк спектар на области на политиките, поврзани со демократија, слобода на говорот, човекови права и владеењето на правото.

Фондацијата „Отворено општество“ најчесто дава пари во форма на голем број мали грантови за други добротворни организации или поединци за конкретни проекти.

-Лажните невладини организации на империјата на Сорос се обидуваат да ги потиснат националните влади во корист на глобалниот капитал и светот на политичката коректност, рече во јануари Силард Немет, заменик лидер на владејачката партија Фидес на Орбан.

-Овие организации со сите средства мора да бидат потиснати и мислам дека тие мора да бидат уништени заедно. Мислам дека постои меѓународна можност да се направи тоа, додаде Немет.

Острите мерки се особено акутни во родната земја на Сорос, Унгарија.

Новиот закон предложен од страна на Орбан ќе бара од групите кои примаат пар од странство да се регистрираат.

Противењето на имиграцијата е јадрото на политичката реторика на Орбан од 2015 година, кога повеќе од еден милион мигранти и бегалци влегоа во ЕУ преку Балканот. Унгарија на почетокот беше нивната главна влезна точка во безграничната зона на блокот, иако речиси сите продолжија во Германија и други земји на север Орбан изгради ограда за да ги задржи надвор.

Во меѓувреме, приоритетот на Сорос беше да ги поддржи добротворните организации кои им помагаат на мигрантите и азилантите. Во екот на мигрантскиот бран во 2015 година, Фондацијата „Отворено општество“ изјави дека Унгарската криза е опасност,не само за стотици илјади бегалци, но исто така и за вредностите на Европа и на хуманоста на локалното население.

Балканската мигрантска рута оттогаш во голема мера е затворена, по договорот меѓу ЕУ и Турција.

Хелсиншкиот комитет на Унгарија, група за човекови права основана во 1989 година, која прифати финансирање од Сорос, помогна – владата на Унгарија да изгуби судски спор во Стразбур. Таа тврдеше дека двајца мигранти од Бангладеш биле незаконски притворени во импровизираната транзитната зона на унгарско-српската граница и протерани без притоа да се разлегда нивната потенцијална иднина и безбедност.

Орбан предложи нови правила за азил кои ќе стапи во сила во наредните денови, за кои неговите противници велат дека ги игнорираат принципите на Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top