
Сигурно сите сте наишле на проблемот кој подарок да се одбере за младенците кога се оди на свадба. Некако со време настанала традицијата да се купи нешто за куќата, иако на парот најчесто ништо од тоа не му е потребно. Ѕирнаваме во список на подароци од една свадба и сфативме дека подароците се купуваат колку да се купат, а не за да користат на младенците.
-Сопругот и јас се шегувавме дека би можеле да отвориме ресторан и да го опремиме со подароците кои ги добивме. Што друго можевме со три фиржидера, два замрзнувачи, шпорет, два телевизора, четири сервиси за ручање, три тостери, којзнае колку чаршави за маса, седум лампи и четири соковници. Имаше и слика со неколку мртви елени, со кои навистина незнам што да правам – вели Вања.П(32), која се омажила минатата година во септември.
Додава дека половина Африка можела да ја нахрани со тортите кои ги добила, иако на сите пред свадбата им нагласила да не носат торти бидејќи веќе се нарачани.
-Ќе звучи дека сум материјалист кој гледа на подароците во заби, но само реално ја согледувам ситуацијата. Ако некој дава 200 евра за шпорет, иако ние тоа веќе го имаме, зарем не е подбро да ни даде помалу пари,но во кеш, за да купиме тоа што навистина ни треба – се прашува Вања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


