Порака дека нема да дозволат разнебитување на државата, испратија и вечерва учесниците на протестот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Минувајќи ја познатата маршрута, од Владата до Собранието, со пеење патриотски песни, пароли и развиорени македонски знамиња, граѓаните уште еднаш рекоа „не“ за тиранската платформа и за федерализација на Македонија.
Учесниците на протестот што се одржува истовремено со средбите на еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници со политичките лидери во Собранието, изразија и благодарност до претседателот Ѓорге Иванов кој својот термин за средба со Хан и го отстапи на „За заедничка Македонија“. Иницијативата на Иванов симболично му подари маичка со логото „4Илинден“.
– Ѓорге Иванов не е човек со свиткана кичма, Ѓорѓе Иванов не е таков човек и никогаш не бил, Ѓорге Иванов не го дава мандатот на политичари кои не се откажуваат од платформата и затоа тој отстапи простор на граѓаните на Македонија, рече Богдан Илиевски, еден од членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Време е, додаде Илиевски, еврокомесарот Хан да ги дознае аргументите и причините поради кои македонскиот народ протестира повеќе од 20 дена.
– Ние сме тие домаќините кои треба да бидат слушнати од сите гости, ние сме тие кои се грижиме за државата за разлика од тие кои сакаат да ја турнат туѓата платформа во оваа земја. Ова се граѓаните на Македонија и Иванов е горд на тоа, Ѓорге Иванов е претседател на Република Македонија и ние сме горди и среќни што го имаме, дополни Илиевски.
Претходно, поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ одржаа мирен протест и пред седиштето на Европската унија додека еврокомесарот Хан беше таму. Му порачаа дека не е добредојден, извикувајќи пароли против ЕУ.
Богдан Илиевски, им честиташе на граѓаните за упорноста, истрајноста, одлучноста и на беспоштедната љубов кон сопствената земја и порача дека народот нема да дозволи никаква тиранска платформа, ниту тиранска влада.
-Победата започна и тече, тече како реките кои течат по улиците секој ден, бидејќи ние сме на вистинската страна, на почитувањето, разбирањето, мултиечноста, а не на страната на бинационална држава. Заедничката, а не држава на патот на федерализацијата. Заедничка Македонија победува и сите сте заслужни за тоа. Секој еден од вас добро знае дека и ЕУ и разно разни комесари мора да покажат почит кон народот кој живее тука, народот се одважи, народот е буден и свесен и народот порачува доста ни е од заплашувања, од неизвесност, порачува Илиевски.
Илиевски напомена дека на народот му е доста од еврокомесари кои се кријат од 200.000 народ на улиците низ целата држава.
-Народот не го претставуваат одредени политичари кои се одвојуваат од националниот интерес и поради одредени интереси се подготвени да направат немерлива штета на државата. Ние сме господари на нашата судбина, ние сме оние кои ќе го раководат сопствениот живот и сопствената држава, ние и никој друг, вели Илиевски.
Тој вели дека оваа платформа е за распарчување на оваа држава и дека народот нема да дозволи таа да стане програма на било која влада или било кој претседател на Собрание
Јазикот на кој сите се разбираме е македонскиот, нашата полиција е македонската, нашата армија е македонска, нашето знаме е сонцето кое е исто за сите, нашето име кое не го даваме е Република Македонија, за сите нас, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Сите сме заедно во оваа борба за нашата држава. Платформата е за распарчување на нашата држава. Нема да дозволиме да стане програма на било која влада, било кој претседател на Собрание. Додека не има нас, 200.000 луѓе на улиците Македонија ќе живее, Македонија ќе постои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)