| четврток, 6 декември 2018 |

Мислел дека купил обичен стар часовник и никогаш не го носел – Еве колку вреди денес (Видео)

Колку е важно да ги чувате сите стари работи на таванот или подрумот покажува и приказната на Питер Планесе од Тускон, Аризона, кој ја пронашол својата стара кутија со „Ролекс“, а кога ја однел на проценка сфатил дека чувал вистинско богатство.

Тој на проценка однел стар рачен часовник од 1960 година марка GMT Master Model Roleks во оргинална кутија и документи кои ја докажуваат неговата автентичност.

master-model-rolex-6
Питер овој часовник го купил пред 55 години во Германија кога служел војска и тоа само за 120 долари (111 евра). ПОкрај тоа купил уште еден часовник со златен додаток за својот татко и го платил 104 долари(96 евра). Тоа тогаш биле многу пари, се присетува тој.

-Мојот полковник ми кажа да купам Ролекс часовник пред да се вратам во Америка, затоа што мислел дека тоа е најдобриот часовник некогаш направен и дека Германија е најдоброто место каде може да се купи. Овој часовник ми се допадна, а интересно е дека никогаш предходно немав слушнато за Ролекс. Сега не го носам, затоа што го носам мојот ефтин часовник, а овој го чувам како спомен, изјавил тој.

master-model-rolex-1

Вработениот во антикварницата признал дека бил премногу возбуден кога го видел овој часовник, затоа што тоа е првиот модел GMT на Ролекс кој некогаш е направен.

Тој на Питер му признал дека овој часовник во светот на колекционерите е многу вреден и баран, и за него може да добие неверојатни 35-45.000 доалри (околу 42.000 евра). Но тоа не е се, Бидејќи Питер ги сочувал сите документи како и оргиналната кутија, ременче и сметка за него, целиот комплет може да се продаде за 75.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top