| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на распит во ОЈО – делел пари и тендери за гласови

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде што  треба да даде исказ во врска со истрагата што се води против него за изборни нерегуларности.

Заев во обвинителството дојде заедно со својот адвокат, Ване Андреев. Како што беше најавено, треба да даде исказ во врска со предистражна постапка за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.

Вчера Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека отворило две истражни постапки против поранешни функционери на МВР од локалната самоуправа и високи функционери од „одредена политичка партија“, кои се товарат за поткуп на гласачи во две изборни единици за време на изборите во април 2014 и во декември минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top