| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка го менува законот на природата, прави тунел за бродови (ФОТО+ВИДЕО)

Државата се впушти во овој проект за да ја олесни пловидбата околу полуостровот Стад. Тунелот ќе биде висок 45 метри, широк 36 метри и долг 1,7 километри.


Норвешка одобри 17 милиони евра за финансирање на амбициозен проект за изградба на прв тунел на светот за бродови.

Државата се впушти во овој проект за да ја олесни пловидбата околу полуостровот Стад. Тунелот ќе биде висок 45 метри, широк 36 метри и долг 1,7 километри.

Тунелот ќе биде дизајниран за бродови кои носат до 16.000 тони и кои имаат долен дел до 12 метри.
Повеќе од 30 илјади луѓе го загубиле животот во тоа подрачје во Втората светска војна. Годишно областа ја погодуваат 100 денови бура, така што тунелот би требало да им овоможи на бродовите мирно да поминат под планината наместод а пловат по опасните морски води.

Идејата е стара еден век, а изградбата на единствениот тунел за бродови во светот би можела да трае и 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top