| четврток, 6 декември 2018 |

Интервју со Стево Пендаровски:СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат ист став за име­то

Stevo Pendarovski 4

Историјата, ќе покаже дека Бранко Црвенковски заслужува висока оценка за неговата работа до самитот на НАТО во Букурешт. Главни геополитички играчи играчи на Балканот се ЕУ, Русија и Турција, при што Русија е со најслаби шанси. Најголема закана по македонската безбеднсот не е исламот, ниту албанскиот наталитет, туку организираниот криминал и корупцијата.

Ова се дел од анализите на Стево Пендаровски,  во интревјуто за  неделникот„Република“, порано нај­по­пу­лар­ни­от порт­па­рол ме­ѓу но­ви­на­ри­те и шеф на ана­ли­ти­ка на МВР. Ело­квент­но­ста и екс­пе­ди­тив­но­ста на Сте­во Пен­да­ров­ски, де­нес ре­до­вен про­фе­сор на „Аме­ри­кан ко­леџ Скоп­је“, му до­не­се си­лен реј­тинг и кај по­ли­ти­ча­ри­те и кај гра­ѓа­ни­те. Ка­ко по­ра­не­шен дол­го­го­ди­шен со­вет­ник на два пре­тсе­да­телa, пре­тсе­да­тел на ДИК, со Пен­да­ров­ски раз­го­ва­равме на ши­рок ди­ја­па­зон пра­ша­ња на кој од­го­ва­ра се­ко­гаш со ана­ли­тич­ки при­стап.

Зо­што по 20 го­ди­ни ма­ке­дон­ски­те пар­тии не­ма­ат кон­сен­зус око­лу ста­вот за име­то? Да­ли сме­та­те де­ка ста­вот на СДСМ по ова пра­ша­ње е ед­но од клуч­ни­те за нив­ни­от слаб реј­тинг?

Не ве­ру­вам де­ка пар­ти­ски­те по­зи­ции за име­то, са­ми­те по се­бе, ко­му би­ло, до се­га му до­не­ле из­бо­рен ус­пех или не­ус­пех. Ед­но­став­но, око­лу тоа пра­ша­ње, пар­ти­и­те, осо­бе­но за вре­ме на из­бор­ни­те кам­па­њи, се ма­кси­мал­но вни­ма­тел­ни зна­еј­ќи де­ка со го­ди­ни еле­кто­рат е „на­вик­нат“ од нив да оче­ку­ва зго­ле­ме­но ни­во на „ре­то­рич­ки па­три­о­ти­зам“. Ина­ку, кол­ку што ми е ме­не поз­на­то, нас­про­ти но­тор­ни­от факт де­ка не по­стои фор­ма­лен др­жа­вен кон­сен­зус за име­то, ста­вот на СДСМ е, пра­ктич­но, иден­ти­чен со ста­вот на ВМРО-ДПМНЕ и во де­лот на за­шти­та на иден­ти­тет­ски­от комп­лекс на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја и во де­лот на нуж­но­ста од фи­нал­на ве­ри­фи­ка­ци­ја на пред­ло­же­но­то ре­ше­ние на ре­фе­рен­дум.

Спо­ред Вас, во што е су­шти­на­та на спо­рот за име­то? Од што, всуш­ност, се пла­ши Гр­ци­ја?

Мо­ја про­це­на е де­ка си­те овие го­ди­ни зад праз­на­та по­ли­тич­ка ре­то­ри­ка и ку­пот емо­ции и исто­ри­ја, нај­че­сто без по­кри­тие, Ати­на најм­но­гу се пла­ши од вра­ќа­ње­то на имо­ти­те на про­го­не­ти­те од Гра­ѓан­ска­та вој­на. Не­кол­ку дек­ла­си­фи­ку­ва­ни до­ку­мен­ти на грч­ка­та вла­да тоа отво­ре­но го ци­ти­ра­ат ка­ко единс­тве­на мож­ност за ре­а­ли­за­ци­ја на тоа што го  на­ре­ку­ва­ат „те­ри­то­ри­јал­ни пре­тен­зии на Скоп­је“ врз де­ло­ви на де­неш­на се­вер­на Гр­ци­ја.

Целосното интревју со Пендаровски, можете да го прочитате во наредниот број на неделникот „Република“, кој во продажба е од утре, петок, 31 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top