Покрај огромниот број граѓани од Битола, поддршка „Зa заедничка Македонија“ денеска дадоа и ракометарите на Пелистер.
– Овде сме да дадеме голема поддршка на иницијативата за заедничка Македонија и да кажеме стоп на тиранската платформа која е направена во туѓа држава за туѓи интереси. Прифаќањето на платформата нема да го направи македонскиот народ посреќен и нема да доведе до крај на кризата во Македонија. Сакам да им се обратам на политичарите – малку да ги оладат главите, да почнат да размислуваат потрезвено и да застанат во одбрана на македонските интереси и македонскиот народ кој е на улица и треба да го слушнат нивниот глас. И на крај пак ќе кажам НЕ за федерализација, НЕ за поделба на Мкаедонија, НЕ за двојазичност на цела република, НЕ за промена на името, знамето и химната, истакна голманот на репрезентацијата Кирил Колев.

Битолчани и вечерва испратија пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и за отфрлање на тиранската платформа.
– Битола е космополитски град, град на сите народи, и од сите вери и едноставно треба да живееме во мир и спокојство, истакна пензионерот Стеван Бојаџиев.
Поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА даде и Сашко Савевски, директор на здружението Непокор кое ја негува, чува, заштитува, ја снима и афирмира македонската музика и македонските музичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


