Познатиот македонски баритон Ристе Велков апелира сите граѓани кои ја сакаат Македонија да излезат и да дадат поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Велков вели дека овој апел го упатува како човек кој си ја сака државата и кој живее во неа, како Македонец.
– Како човек кој живеел и работел надвор од оваа држава, се школувал тука, Македонија ми е во срцето, сум се вратил да работам за Македонија и овде да го заработувам својот леб. Сите треба да сме свесни за она што ни се случува. Утре каде ќе живеат нашите деца, во каква држава и нормално дека треба да живеат во својата родна земја. Доколку Македонија, како Македонија не постои тогаш сите ќе бидеме дрва без корен. Нашите деца, нашите внуци понатаму нема да имаат ништо, што ќе им оставиме од вас зависи сега. Сите кои ја сакаат, а ги има многу, ги има низ цела држава и надвор од државата, сите кои сметаат дека Македонија е свето име и света држава треба да си останеме на своето и не смееме да ја предадеме Македонија. Тоа е најголемиот срам кој ќе го доживееме како Македонци и нашите поколенија ќе страдаат поради тоа. Затоа Ве молам сите, излезете, не се плашете. Секој кој што е патриот, има зошто да излезе, секој кој ја сака државата и сака нормално да живее во неа, за заедничка Македонија, излезете и дајте поддршка, вели Велков во изјава за Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


