Претседателот на француската Народна унија на републиканците (УПР), Франсоа Аселино успеа да ги собере потребните 500 на избрани претставници за поднесување на претседателска канидатура, со што и официјално стана кандидат на претседателските избори во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.
На изненадѕвање на многумина, Аселино обзебеди 524 потписи со што официјално се вклулчува во трката на претседателските избори закажани за во април.
Овој 59-годишен суверенист и еврокептик не и е многу познат за пошироката француска јавност, но својата кампања ја води на теренот потпирајќи се активностите на своите приврзаници и на социјалните мрежи.
Аселино беше еден од поборниците на отфрлање на Договорот од Амстердам, а својот единствен изборен мандат го освои во 2001 година кога стана член на Градскиот соевт на Париз.
Аселино, кој се залага Франција да ја напушти Европската унија, во 2007 година, на денот на одбележувањето на 50-годишнината од Договорот од Рим со кој се поставени темелите на ЕУ, ја формираше неговата евроскептична партија УПР. Како отворен противник на европската интеграција и на еврото, тој во однос на ЕУ има слични ставови како лидерката на екстремно десничарскиот Национален фронт, Марин Ле Пен и кандидатот на екстремната левица Жан-Лук Меланшон.
Тој во неговата програма, исто така, ветува дека и дека ако стане претседател земјата ќе го напушти НАТО „за да се врати силата на Франција“.
Аселино е познат по блискости со партии од екстремната десница, како Собирот за Франција (РПФ) на Филип де Вилиерили, Сиел на Пол Мари Куто, како и Движење за независност и суверенитет на Франција.
Иако, тој себе си се дефинира како „Голист“, односно конзервативец, со неговите позиции често се согласуваат и челнови на партиите од екстремната левица.
Неговата кампања се одвива пред се преку социјалните мрежи и тврди дека УПР има повеќе од 16.000 членови.
Аселино, исто така, има објавено бројни видео клипови на Јутјуб, каде го следат 30.000 претплатници, во кои изнесува анализи за тоа „кој раководи со Франција и Европа“ или зз „универзална измама како модел за управување со влада“.
Тој е приврзаник на теориите за заговор, тврдејќи дека Исламската држава е дормирана од ЦИА, дека оваа агенција го финансира Националниот фронт, како и дека „таткото на ЕУ“, Роберт Шуман е агент на ЦИА.
Аселино себе си се гледа како „ослободител на Франција“, која според него, е „раководена од странски сили“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст