| четврток, 6 декември 2018 |

Самарџиски предупредува: Соколи не треба да се потценат

predrag samardziski

Некогашниот македонски репрезентативец и член на Мега Лекс, Предраг Самарџиски посакува победа во последниот меч од оваа сезона во АБА-лигата, но и предупредува дека „соколите“ не треба да се потценат.

Некогашниот македонски репрезентативец и член на Мега Лекс, Предраг Самарџиски посакува победа во последниот меч од оваа сезона во АБА-лигата, но и предупредува дека „соколите” не треба да се потценат.

– Го играме последниот меч од АБА лигата во регуларниот дел од сезоната и сакаме да го завршиме со победа. Карпош Соколи се најпријатното изненадување во оваа сезона. Со ангажманот на тренерот Драган Николиќ, квалитетот на играчите како што се Вркиќ, Лабовиќ и Трајковски дојде до израз. Очекуваме тежок натпревар. Но, верувам дека со борба во текот на сите 40 минути, како и со поддршка од публиката во Сремска Митровица, можеме да дојдеме до победата. и да ја завршиме сезоната во регионалното натпреварување на вистински начин – изјави Самарџиски, кој по пауза од повеќе од десет месеци се врати на теренот.

Дуелот меѓу Мега Лекс и Карпош Соколи е закажан со почеток во 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top