Кога на младата британска актерка Лорна Никсон Браун пред неколку години и се појавила грутка на вратот, таа не ни претпоставувала дека всушност боледува од рак. Страшните вести ги слушнала дури една година подоцна.
-После неколку месеци мојата мајка забележа испакнатина на предната лева страна од мојот врат, а освен тоа ми напомена и дека малку сум ослабела“, раскажала Лорна, која морала да направи пауза во кариерата и да почне со лекување, откако докторите заклучиле дека испакнатината на вратот е всушност рак на тироидната жлезда.
За среќа, подмолната болест била откриена на време.
Денес, Браун е веќе една година „чиста“, а се посветила на активизмот за борба против ракот. Таа редовно трча маратони за помош на организации кои им помагаат на болните од оваа страшна болест, а на социјалните мрежи се труди да ја образува јавноста за симптомите и да им ја подигне свеста на луѓето.

-Редовно прегледувајте се и ако забележите било каква промена, одете на лекар. Јас го игнорирав мојот симптом речиси една година и тоа можеше да ме чини живот, порачала Лорна во неодамнешната објава на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


