Празни пликови на свадбите веќе не се реткост. Даниела Николиќ (30) од Ниш раскажува дека го доживеала тоа на својата свадба.
Наместо да бројат пари по свадбата, Даниела и нејзиниот сопруг броеле празни пликови.
– Не се потпишани, само празни, што навистина не е во ред. Јас разбирам некој да нема пари, но ова е безобразно. Слушам некои други полошо поминале. Невозможно е да се открие кој го направил тоа, обично е гужва, пликовите се ставаат во кутија, па никој не знае кој плик чиј е.
Иако непишано правило е гостите да даруваат најмалку колку што вредат нивните порции, во просек од 25 до 150 евра, брачниот пар Николиќ од 150 плика 15 нашлол празни, а во еден од нив имало обична хартија внимателно исечена во големина на банкнота, па однадвор не се забележува дека пликот е празен.
Даниела вели дека помалку ќе ја навредело некој да не дојде на свадбата поради тоа што нема пари, отколку да дојде со празен плик.
Сепак, таа не жали за свадбата, вели дека убаво си поминале, а празните пликови нека им стојат на честа на измамниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.