| четврток, 6 декември 2018 |

Француските Републиканци едногласно го поддржаа Фијон за претседател

Раководството на француската Републиканска партија едногласно го поддржа франсоа Фијон за кандидат на оваа партија на претседателските избори во земјата и покрај обвинувањата за слоупотреба на државни пари.

Тоа го потврдија и лидерот на репобликанците и председавачот со сенатот, кои посочија дека партијата повторно се обединила и ја почнува кампањата на Фијон.

Поранешниот француски премиер Ален Жипе претходно ја отфрли можноста да го замени Фијон како кандидат за претседател.

Изборите во Франција ќе се одржат на 23 април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top