Прилепчани денес излегоа масовно, семакедонски и се надевам дека ќе продолжи се додека македонските политичари, особено оној дел што сака да ја прифати Платформата, нема да успее, истакна денес од маршот на граѓанката иницијатива „За заедничка Македонија“, правнукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто.
– Македонците се обединети околу идејата за унитарна Македонија со еден службен јазик. да не дозволиме нашите предци да се превртуваат во гробот со некои политичари од иднината како Заев што сака да ја продаде и предаде Македонија. Да го дозволиме тоа. Гледаме дека Македонија е на работ на пропаста треба да се застане да се има една платформа заедничка за просперитетна Македонија. Доста ни е делби и поделби, вели Ченто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.