| четврток, 6 декември 2018 |

Мисиркова: Собирите ќе продолжат, можат да се приклучат сите!

На денешниот собир се собраа 10.000 луѓе, изјави македонската пијанистка и правнука на Крсте Петков Мисирков, Елена Мисиркова во интервју за ТВ НОВА.

„Вечерва излегоа 10.000 луѓе и нè поддржаа, очекуваме и многу повеќе. Тоа е соодветен показател дека сме на вистинскиот пат“, истакна Мисиркова.

Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија, од која Мисиркова е дел, во текот на денов повика на мирен собир пред Владата. Оттаму најавија дека собирите ќе продолжат и во текот на неделата и истите се непартиски, па можат да се приклучат сите оние кои сметаат дека актуелната политичка ситуација и преговорите меѓу СДСМ и ДУИ претставуваат закана за уставноста и унитарноста на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top