| четврток, 6 декември 2018 |

Жестоко во НБА: Тукер му ги искрши забите на Нуркиќ (ВИДЕО)

Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ, остана без два заба во дуелот против Торонто, кој неговиот тим го загуби со 112:106

nurkic

Босанскиот интернационалец во текот на последната четвртина имаше жесток дуел со кошаркарот на Репторс, Тукер, по кој подебелиот крај го извлече Нуркиќ.

Центарот на Портланд остана да лежи на терен, а покрај тоа заработи и лична грешка. Јусуф на теренот беше 21 минута во кои забележа осум поени и три скока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top