Во манастирот Св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка, во организација на Здружението на воените инвалиди „Бранител 2001“ ќе се одржи помен со панихида за сите загинати бранители од конфликтот во 2001 година.
На панихидата е најавено присуство на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили на АРМ, Ѓорге Иванов. Со панихидата ќе чиноначалствува митрополитот Кумановско-осоговски, г.Јосиф.
Константин Стојановски, претседател на „Бранител 2001“ информира дека на панихидата поканети се семејствата на загинатите бранители, воените инвалиди од конфликтот во 2001 година и нивните роднини и пријатели, претставници од Министерството за одбрана, АРМ и МВР, пратеници, амбасадори во земјава.
Настанот се организира вторпат од конфликтот во 2001 година. Од Здружението најавуваат иницијатива оваа панихида да стане традиционална и да се одржува на големиот христијански празник Прочка, со можност и на други локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


