Mладата македонска пејачка Рената ја претстави својата најнова песна со наслов „Please Stay“, чијшто автор, како и на сите претходни песни на Рената, е докажаниот продуцент Зоран Алексиќ.

Песната од минатата седмица е дистрибуирана до повеќе од 7.500 радија низ светот преку сервисот на „Радиоекспрес“ (Radio Express”). Исто така, достапна е и на познатата музичка продавница на интернет „Ајтјунс“ (iTunes).
Рената за оваа песна го сними и својот прв официјален видеоспот, кој својата промоција ќе ја добие наскоро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


