Хуманитарната организација „ХиКоДе“ од Австрија денеска на Клиничката болница во Штип и донираше опрема и потрошен медицински материјал во вредност од над 350.000 евра.
Директорката на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова истакна дека ова е втора донација на опрема и медицински материјал од оваа хуманитарна организација од Австрија. Посочи дека иста ваква донација пациентите и медицинскиот персонал добиле минатата година.
-Денешната донација се состои од електрични болнички кревети, хидраулични болнички кревети, душеци, амбулантски кревети, столови за преглед. Овие столови за преглед веднаш ќе бидат ставени и монтирани во новите невролошки амбуланти, каде се сместени ЕЕГ и ЕМГ апаратите набавени од страна на Министерството за здравство. Во донацијата има потрошен медицински материјал, ракавици, електроди за ЕКГ, материјали за преврзување за потребите на гипс сала, 70 инвалидски колички од кои дел ќе бидат префрлени во болниците во Велес и Прилеп, посочи Папарова.
Марта Рајдер од австрсиката хуманитарна организација „ХиКоДе“ рече дека ова е 49-ти камион со опрема и потрошен медицински материјал, кои пристигнале во македонските болници.
Посочи дека како организација несебично помагаат и испраќаат вакви донации во Македонија, Унгарија, Косово, Србија и во други држави на Балканот. Јонче Атанасов од општина Конче е човекот кој придонесе за да пристигнат донациите во штипската Клиничка болница. Тој најави дека оваа донација нема да биде последна од оваа австриска хуманитарна организација. До крајот на годината, истакна, ќе има уште две вакви донации за болниците во Штип и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дали се подготвивте: Од денеска МВР ќе казнува!
-
Ќе има големи казни: Од утре оваа обврска е задолжителна!
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Полицијата „дебело“ ќе казнува: Наскоро на сила стапува законската обврска за возачите!