| четврток, 6 декември 2018 |

Познати првите три осминафиналисти во ЛЕ, Манчестер славеше и на гости кај Сент Етјен (видео)

mancester junajted

Манчестер јунајтед, Шалке 04 и Краснодар се првите екипи кои успеаја да се пласираат во осминафиналето од Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ одработеа рутински меч на гостувањето против Сент Етјен и славеа со 0-1. Стрелец на голот беше Хенрик Мхитарјан, кој подоцна се повреди и мораше да го напушти теренот. Неволјите за Мурињо продолжија и откако Бејли заработи црвен картон. Сепак предноста од првиот меч од 3-0 на „Олд Трафорд“ беше огромна залиха за „црвените ѓаволи“ го одлучи овој двомеч.

Шалке одигра 1-1 на домашен терен против ПАОК, но убедливиот триумф со три гола разлика од Грција беше решавачки за германскиот тим да оди понатаму. Шопф го постигна голот за Шалке, а потоа Настасиќ си постигна автогол.

Краснодар ремизираше 1-1 против Фенербахче на гости, но триумфот дома од 1-0 го одведе во следната рунда. Смолов погоди за рускиот тим, а Соуза израмни, но тоа беше доволно за Фенербахче да го продолжи патот во Лигата на Европа. Овој пласман е историски успех за рускиот клуб бидејќи по само деветгодишната историја веќе успеаја да се влезат меѓу 16-те најдобри екипи во Лигата на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top