| четврток, 6 декември 2018 |

Фатиме Фетаи се фалеше со способноста за глума

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, која на претходното рочиште се појави неподготвена, овојпат беше засилена со присуството на Катица Јанева, но и со канонадата навреди упатени кон судот.
На распитот, на кој се случи незапаметен преседан поради бруталното и некултурно однесување на обвинителките, се пофали дека има способност да глуми и тоа јавно го истакна како доблест, а и практично го покажа денеска.

Откако судијката го одлoжи распитот поради немање услови за работа поради постојаните навреди од специјалните обвинителки, Фетаи арогантно нагласи дека нема да може да присуствува на понудениот термин во март бидејќи ќе биде на стоматолог.

Вториот термин не ѝ одговараше на специјалната Јанева бидејќи дента ќе славела Ден на правосудството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top