Франк Рибери останува во Баерн до 2017 година, откако вчера го продолжи договорот со новиот европски шампион. Рибери имаше обврска да игра за Баварците до 2015 година, но реши да го продолжи престојот во Минхен за уште две сезони. Со тоа ќе заокружи цела една деценија како член на актуелниот германски и европски првак, откако пристигна на „Алијанц арена“ во 2007 година. Со Баерн Рибери има освоено три титули во Бундеслигата, два пехари во националниот куп и еден од најсилното клупско натпреварување во Европа, Лигата на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија