Најгрдиот трофеј на светот, според американските медиуми, е пехарот што го добива победникот на култната автомобилска трка Инди 500, која се вози во Индијанаполис во САД. Трофејот е грд, но многу вреден и е проценет на 3,5 милиони долари. Од 1911 година сите победници си имаат загарантирано место на пехарот висок околу еден и пол метар и тежок 68 килограми. Лицата на сите шампиони се изгравирани на пехарот, кој изгледа застрашувачки и е уникатен во светот на спортот.
А, на Инди 500 има уште една комична работа, со долгогодишна традиција. Победниците од 1956 година, односно точно 57 сезони мора да испијат чаша со млеко, како начин да се прослави триумфот на престижната трка. Прв „нога повлекол“, Виктор Луис Мејер, шампионот од 1933 година, кога побарал да му донесат чаша со млеко и ја испил на екс. Цели 23 години подоцна чинот се повторува и оттогаш останал како традиција. Чудно, но вистинито за Инди 500, трка што е меѓу легендарните, со екстремно грд пехар и необична традиција на пиење млеко, место шампањско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.