| четврток, 6 декември 2018 |

Редок како еднорог: Знаете ли кој е овој автомобил? (ВИДЕО)

Иако не претставува потполн новитет, неодамна еден ентузијаст успеал повторно да го “улови” овој уникатен и супер лукузен автомобил.
Како луксузните и суперспортски автомобили да не се доживување самите за себе, па врз основа на нив е неопходно да се произведе и лимитирана серија или дури уникатни модели за оние коишто имаат (пре)длабок џеб и коишто едноставно сакаат да се разликуваат од сите останати.
mercedes-s600-royale-redok-01
Ферари тоа го прави веќе со години наназад за своите ВИП клиенти, менувајќи ја каросеријата според нивните специјални барања, додека “под лимот” се крие помалку-или повеќе истиот сериски автомобил.
mercedes-s600-royale-redok-03
Овојпат, на улиците на еден калифорниски град, најверојатно Лос Анџелес, “уловен” e уникатниот примерок Royale, базиран на Mercedes-Benz S-Class (W222 серија). Автомобилот е темелно преработен, па дури се отстранети и оригиналните ознаки од производителот коишто се заменети со нови. Но, она по што познавачите ќе го препознаат моделот којшто се крие зад обработката се светлосните групи коишто се позајмени од Mercedes SLS…
mercedes-s600-royale-redok-02

Автомобилот е за прв пат забележан кон крајот на минатата година, и тоа пред седиштето на компанијата Galpin Auto Sports. Набрзо се појавил и на нивната Facebook страница, а подеднакво брзо и мистериозно “исчезнал” и од таму. Но, овие денови еден ентузијаст успеал да го сними буквално “до детаљ” овој автомобил, барем кога се работи за екстериерот, а донекаде имаме можност да “ѕирнеме” и во внатрешноста на овој уникатен модел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top