Сè погласни се шпекулациите дека е прашање на време кога принцот Хари ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл. Сепак, пред да дојде до тоа, според кралската традиција, тој мора да побара дозвола од својата баба, кралицата Елизабета.
Пред воопшто да започне да размислува за венчавка, принцот Хари и Меган Маркл, мораат да добијат дозвола од кралицата. Според пишувањата на магазинот „Пипл“, тоа не е само знак на почитување на 90. годишната кралица Елизабета Втора, туку така наложува и традицијата и законот, па како петти престолонаследник по ред, Хари мора да го добие нејзиниот благослов.
Имено, според законот кој е донесен во 1772 година, кралот или кралицата морале да му дадат дозвола на секој член на семејството кој сака да ја озакони својата врска. Низ годините, малку „омекнале“ па сега тоа се однесува само на првите шест престолонаследници, што ги вклучува принцевите Чарлс, Вилијам, Џорџ, Хари, Ендрју и принцезата Шарлот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лудо се сакале, со неа планирал венчавка: Зошто Челзи го оставила принцот Хари!
-
Кралицата се закани дека ќе ја откаже свадбата на Хари и Меган
-
Очајно писмо од кралицата Елизабета II го потресе светот: Писмото говори за смртта на Дијана
-
(ФОТО) Девојката на принцот Хари на чај со кралицата – нова свадба во кралското семејство?