Роден на: 24 јули 1946 година во Прилеп
Образование: Правен факултет
Професија: редовен професор по деловно право, во пензија
Ми стана посебно непријатно кога почнав да пишувам за професорот Беличанец. А, колку повеќе се потенцира дека се работи за професор толку е поголем и срамот. Секако, туѓиот.
Никој не се родил политички определен, уште помалку се откинал од утробата на некоја партија. И тоа е во ред, професорот ја избрал својата страна и решил да не застрани. И тоа е сосема легитимно. Тоа што згрозува е начинот на кој ги испишува своите црвени линии – простачки, морбидно, злобно.
Политичката борба е нерамноправна, често се одигрува и под појасот. Политичарите пцујат, колнат, се закануваат, рекетираат, но не и професорите. Слепите следбеници ја бранат својата страна со тупаници, а професорите со аргументи. Барем тие треба да знаат што и зошто избрале. Па, кој ќе го задржи нивото ако и тие се спуштат под појасот?
Во биографијата на универзитетскиот професор, меѓу другото, пишува: „Член е нa стручни и општествени тела во Македонија. Од 1986 до 1991 годинa бил член, a подоцнa и потпретседaтел нa Извршниот совет нa Собранието нa СРМ и претседaтел нa Комисијaтa зa односи со верските заедници. Од мaрт 1998 годинa е член нa Венецијaнскaтa комисијa нa Советот нa Eвропa. Во текот нa 1981/82 и 1982/83 годинa бил шеф нa интердициплинaрните студии по новинaрство. Во текот нa учебнaтa 1983/84 годинa и 1984/85 годинa бил продекaн нa Прaвниот фaкултет во Скопје. Член е нa Претседателството нa Здружението нa прaвници во стопaството нa Мaкедонијa“.
Во срамот на универзитетскиот професор ќе остане запишано:
„Ајде уште малку. Преживеавме години, за уште еден месец во кој ДУИ „ќе анализира“ кој е интересот на граѓаните Албанци нема проблем“.
„Идиоти и идиотизам. Дпмневски фашисти!“
„Мирка изигрува инквизиторка! Ама не личи! Таа е вештерка“.
„Ова е време на груевистичка инквизиција! ГДОМ е инквизиторски суд! Можеби ќе ја запали!“
Универзитетскиот професор, кој застанува во одбрана на СДСМ, многу пати досега преку социјалните мрежи упатувал закани и навреди кон неистомислениците, а посебно им е настроен на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а не поминуваат поинаку и новинарите кои не се под плаштот на Сорос и на СДСМ.
За него уста полна погрдни зборови имаат и од фелата и од политиката:
„Мнозина се скандализирани од вулгарните ФБ постови на проф. Тито Беличанец. Не му е ни првпат! Ете, се симнал на ниво на оние примитивци кои носат погребни венци и организираат погреби на живи луѓе, од пуста политичка омраза и во верба дека така се води битка за татковината или за револуцијата. Но, размислете подобро: по што е познат проф. д-р Тито Беличанец, освен по овие „достигнувања“? Какво научно достигнување оставил зад себе. Човеков е тотален социјалистички анонимус, познат само по тоа што за големи хонорари правно ја нормираше криминалната приватизација. Замина во пензија, а не го знаат ни до Табановце по нешто паметно и добро. Е сега, да, забегал, умот му се помрачил од омраза и некрофилија – ама барем веќе не е на универзитет. Looking from the bright side of life!“, пишува професорката Билјана Ванковска на „Фејсбук“.
„Тој е типичен транзициски, но и вечен профитер! Мене ме навредуваше најпримитивно. Па, убаво го потсетив за неговата улога во прераното пензионирање на професорите, за криминалните зделки…и го тргнав од пријатели“, ќе ѝ одговори Солза Грчева.
Можеби нештата ќе станат појасни, но никако оправдани ако додадеме, од неговата биографија, дека професорот Беличанец е и претседaтел нa Советот нa Центaрот зa трговско прaво во рaмките нa проектот нa УСАИД. Тито Беличанец беше министер во последната влада на комунистичкиот режим. Тој е еден од авторите на приватизацијата која ја уништи државата и уништи илјадници Македонци. По неговиот „придонес” за транзитирање на голем број компании од државна во олигархиска сопственост, тој станува член на бордовите во многубројни компании. Исто така, Тито Беличанец е вмешан и во аферата „Телеком“, каде што е ангажиран како консултант за да се извршат измени на законот за работни односи од 2005 година и да ѝ го овозможи „бонбона бизнисот“ на Радмила Шекеринска.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 232 број на неделникот „Република“, што излезе од печат на 10.2.2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.