Поранешниот партнер на Северина Милан Поповиќ наскоро повторно ќе стане татко, а за мајката на неговото дете досега малку се знаеше.
Сепак, Милан сега, конечно, проговори.
– Се вика Бојана, се запознавме во Белград пред повеќе од две години. Студира маркетинг и е од добро семејство. Многу е згодна, образована, млада, има 23 години, остроумна, снаодлива и секогаш подготвена на шега. Со неа нема караници, дури ни кога е бремена, кога жените знаат да бидат каприциозни. Мила е и мислам дека ќе биде супер мајка – открил Милан за „Глорија“.
51-годишниот српски бизнисмен одвај чека да стане татко и, како што вели, на неговиот син Александар ќе му биде интересно да расте покрај брат или сестра.
Инаку, двојката сè уште живее на одвоени адреси, но и тоа наскоро ќе се промени, бидејќи Милан сака на партнерката да ѝ биде на располагање во секој момент, а за венчавка сè уште не размислуваат.
– Сè уште не сме разговарале на таа тема, но таа не поставува никакви услови. Сосема е нормална и разумна, ми рече само дека што побрзо сака уште деца – додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!