Фото: Макфакс
Денес низ улиците на Скопје се одржа промотивното возење на велосипеди под мотото „Возете велосипед!”, на коешто учество зедоа голем број на граѓани и вљубеници во велосипедот.
Во возењето на велосипеди учество зедоа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Претседателот на Велосипедската федерација на Македонија, Сашо Димитриоски, кои изјавија дека целта на ова промотивно возење е промоција и популаризација на велосипедот како рекреативно и алтернативно превозно средство, чие масовно користење има голем број на позитивни придобивки.
– Градот Скопје посветува големо внимание за подобрување на условите за користење на велосипедот во Скопје, преку реализација на голем број на проекти во насока на подобрување на инфраструктурата за возењето на велосипеди во Скопје. Моја заложба е вакви промотивни возења на велосипед со алтернативни траси да се возат најмалку еднаш во месецот – изјави Трајановски.
Манифестацијата „Возете велосипед!” беше организирана од страна на Градот Скопје и Велосипедската федерација на Македонија.
Според него, возењето велосипед има голем број на придобивки. Велосипедот е еколошко превозно средство кое не загадува, придонесува за намалување на сообраќајниот метеж, има финансиски бенефити и слично
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.