
Повеќе од возбудлив натпревар на „Камп Ноу“ одиграа Барселона и Атлетико Мадрид на реваншот од полуфиналето во шпанскиот Куп, по кој Каталонците со 1-1 обезбедија пласман во големото финале.
Барселона, на крајот, иако висеше до последно, ако се знае дека во финишот играше со девет фудбалери на терен, а Атлетико промаши и пенал, успеа да обезбеди финале благодарение на победата од 1-2 на првиот натпревар во Мадрид.
А, дуелот се одвиваше посакувано за Барса откако Суарез во 43. минута донесе предност. Претходно не беше досуден сомнителен пенал за Атлетико, но за гостите се овозможи шанса по исклучувањето на Роберто во 57. минута. Црвен картон имаше потоа и за Караско кај Атлетико, за да сепак мадриѓаните откако во 80. минута не реализираа и удар од белата точка преку Гамеиро, сепак стигнат до израмнување. Гамеиро реализираше по одличното додавање на Гризман во 83. минута за 1-1, и драма во последните десеттина минути.
На крајот Барса остана без уште еден фудбалер на теренот по исклучувањето на Суарез во 90. минута, но успеа да зачува конечни 1-1 за место во финалето.
Во финалето каталонскиот тим ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Алавес и Селта. Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши без голови, а реваншот е утре од 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


