Хрватите Бруно Лукиќ (15) и Владимир Згањер (15) ја враќаат вербата во чесноста, добрината и правилното домашно воспитување. Тие пред спортската сала во Карловац, Хрватска нашле пет илјади евра. Се јавиле во полиција и ги предале парите. Набрзо се јавил и сопственикот.
Снимале видео за на јутјуб, по што виделе купче пари и мислеле дека некој се шегува со нив и дека се работи за скриена камера.
– Имаше стотина банкноти од по 50 евра, а на нив имаше и лента од банка – вели Бруно.
Во тој момент одлучиле дека е најправедно парите да ги вратат кај сопственикот. Ја повикале полицијата.
– Ни рекоа да почекаме затоа што веднаш некој ќе дојде. За тоа време еден маж го обиколуваше местото, но не знаевме дали е тој сопственикот или не. Дојдоа, ги дадовме парите и бевме во станица за да ни земат податоци. Таму ни честитаа за чесноста и рекоа дека се потребни повеќе такви луѓе – раскажуваат тие.
Истиот ден им се јавил сопственикот за да им се заблагодари.
Децата велат дека пак би постапиле исто ако се најдат во таква ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


