| четврток, 6 декември 2018 |

Соросов лет

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Прикаската за Сорос (на унгарски – да летнеш) многу личи на фамозниот роман на Брем Стокер за Дракула (Носферату). Сетете се на монструозната моќ на грофот Влад Цепеш да се трансформира во лилјак и да одлета во непознат правец доколку ловците на вампири го опколат и ја доведат во опасност неговата егзистенција, со тоа што ќе го прободат со глогов колец во срцето, а потоа ќе му ја отсечат главата. На тој начин непријателите на грофот Дракула ќе го испратат тој зол дух таму од каде што дошол – во пеколот.

Така и кутриот Џорџ, опколен од неонацисти, расисти и мачоисти, е присилен повторно да полета (Сорос) и да пребегне во посигурни предели за него. Каде сега, по ѓаволите?

– Во Лондон? Во тој опскурен град на магла и на глувци. Град на затворени менталитети, анимирани со чај, ритуал преземен од нивната колонија Индија – дијамантот во круната на британската кралица. Место со ужасен конзервативен критицизам, доведен до степен на циничен садизам. Место на банки и на масонски ложи, мистериозен лавиринт на безумни и на манијакални конспирации.

Расизмот, фашизмот и болшевизмот тука се претворени во мода и само најсмелите креатори можат да си поигруваат со овие забранети идеологии на поголемиот дел од планетава. Воедно, по неговите жовијални улици ги гледате стадата емигранти од прва, втора или трета генерација, некои, пак, имаат длабоко потекло уште од времето кога нивните предци биле донесени како робови од африканските колонии. Пред сѐ, да служат како еден вид чудесни суштества за забава (лордовите знаеле да спорат со денови и ноќи, дали овие „суштества“ се луѓе или животни) на дворот на кралицата Викторија.

Лондон со својот имагинариум е вистинско место за стариот Џорџ. Место, кое ќе го обнови неговиот циничен и луциден дух и ќе му даде нов импулс и нови визии.

Оттаму, инспирирајќи се од средината и од нејзината деликатна перверзност, би можел да продолжи да дејствува преку својата мрежа во Источна Европа, а полека и да се прошири кон Кавказот и кон каспискиот регион. Тоа е сега „ин“. Да се зарие во стомакот на Русија и да се протне во Иран. Во Турција би можел да ги наследи инсталациите на Ѓулен. Па, така, би ги шашардисал тајните служби, таму каде би го очекувале Фето, би се појавувал Сорос, и обратно.

Ете, ново поле за уште посубверзивно дејствување во однос на уривањето на владите што ги поддржуваат Трамп и Путин во овој дел од светот.

Секако, овој пат конспиративноста треба да се подигне на највисоко ниво. Треба да се влезе во илегала (ах, ова му го подига адреналинот на стариот добар Џорџ), да се биде бескрајно дискретен, ефикасен и, конечно, брутален.

„Овие а ла велвет револуции се премногу меки и лигави, нема никаква суровост и консеквентност, ‘револуционерите’ како мајмуни врескаат и фрлаат боја по фасадите, а потоа дома на лонец грав со векна леб и половина килограм салама. Каква грдотија, каква бесполезност. Колкави само пари фрлив на овие глупости.

Ах, требаше да создадам своја, автентична филозофија, а не да се држам до мислите на тие идиоти, како што се Карл Попер и Андре Бергсон. Какви губитници и сомнебулци“.

Стариот и разочаран Џорџ Сорос размислуваше во својот кабинет во Њујорк, мислите му беа темни и матни како водата во реката Хадсон.

„Што сега, да не се залажувам, да летам од центарот на светот во тоа темно и злобно атрофирано место на анемичната суета – Лондон. Како да одам во некаков гигантски саркофаг на пропаднатата и импотентна империја. Па нивниот Форен офис повеќе личи на Монти пајтон, отколку на сериозна тајна служба што урива влади и создава револуционерни промени. Каков дебакл!“

Повторно го пукна депресија, веќе исцрпениот Џорџ. Никогаш не бил пославен и понемоќен. Каков парадокс.

Низ мислите му провеаја сеќавања од минатото, во Будимпешта, кога ги попишуваше конфискуваните имоти на Евреите, испратени во логорите на смртта од страна на нацистите.

Тогаш бев најсреќен во мојот живот – изјави во едно телевизиско интервју.

Се потсети на филозофијата на Тома Аквински: во еден дел философот (теологот) промислува за тоа, дека тие, во рајот, се среќни од самиот факт што гледајќи ги маките и слушајќи ги криковите на тие во пеколот се радуваат што не се на нивно место.

Така и Џорџ правеше пекол околу себе, за неговата привилегирана и сигурна позиција да му донесе рајски чувства. Исти такви, како во младоста во Унгарија, окупирана од Вермахтот.

Прикаската за „кетманот“ е тенка. Можеби и воопшто и не бил Евреин, кој за време на окупацијата (неговиот татко купил лажен идентитет) се преправал дека е Унгарец, христијанин и нацистички активист. Што мислите, Абвер (Abwehr) (војната разузнувачка служба на Третиот рајх) се хранел со камења и пиел нафта? Не би рекол. Попрво мислам, дека по војната тој го сменил својот идентитет во eврејски за да се заштити од можен прогон на организацијата на Визентал.

Ок – бил сѐ уште момче. И, конечно, немал командна одговорност и не убил никого. Инаку, тешко дека не би бил разоткриен од израелските агенти.

Конечно, како и многу млади, па и постари нацисти, бил врбуван од англоамериканските разузнувачки служби. Потоа станува агент од влијание на ЦИА – постарата сестра на МИ6.

„Никој не станал милијардер без помош од тајните служби“, е масонска поговорка, а 86 отсто од членовите на масонските ложи во Британија се полицајци.

Кога со своите шпекулантски вештини ја урна фунтата во Британија – проект на ЦИА, за една недела заработи една милијарда долари. А потоа, пара на пара оди. Ги закоти милијардите до 25 по Арапската пролет и Украина. Неговото конто порасна за цели 20 милијарди американски долари.

„Ах, да победеше Хилари, ќе ги накотев повеќе од 100, а вака?“

Уште првиот ден по дебаклот на Клинтон загуби една милијарда, а сега повторно загуби уште две.

Да полета за Лондон, овде трамп­истите жив ќе го запалат. А таму?

Дали кралицата му прости за фунтата од пред многу децении, или?

Нешто му кажуваше дека кралицата не простува. Можеби ќе треба да го избегне Лондон?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top