| четврток, 6 декември 2018 |

Касилјас: Не ги разбирам свирежите на навивачите кон Кристијано Роналдо

Real Madrid's goalkeeper and captain Ike

Реал Мадрид ја преброде кризата со победа во Примера дивизија на домашен терен над Реал Сосиедад. Кристијано Роналдо доби свирежи и покрај голот и асистенцијата до Матео Ковачиќ во победата.

Легендата на „кралевите“ и сегашен член на екипата на Порто, Икер Касиљас изјави дека никој не е имун на свирежите од публиката, но истите се претерани, кога се работи за играч како Кристијано Роналдо.

– Кристијано има голема одговорност и многу се очекува од него на секој натпревар. Тој и Меси се најдобрите во светот, а тоа си носи голем притисок, особено на „Сантијаго Бернабеу“ каде никој не е имун на свирежите. Како „мадридиста“ не можам да ги разберам фановите, па пред шест месеци тој ни ја донесе европската круна. Но, во Мадрид не може да се живее во минатото, она што се случува во моментот е најважно – рече шпанскиот голман.

35-годишниот Касиљас не размислува за крај на богатата фудбалска кариера, која започна во „кралскиот“ клуб во 1999 година, а по 16 години се пресели во португалскиот шампион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top